Обложувачите понекогаш трошат премногу време на тоа во каква форма се играчите, кога тимот на кој сакаат да вложат пари последен пат победил на гостински терен, кога последен пат им е досуден пенал, дали некој од носителите на играта е повреден… А и покрај се најчесто ливчето е изгубено.Но, затоа жената може да оддаде на интуицијата. Така една Британка сакала минатиот викенд да им покаже на сопругот и синот како се игра спортска. Отишла во обложувалница, го земала билтенот, ги погледнала паровите и ги одиграла оние тимови чие име и „звучеле убаво“. Вложила една фунта, една единствена, а системот на обложување кој го одбрала и донел ни помалку ни повеќе 574.278,41 фунти.
Да биде работата уште подраматична, оваа домаќинка во 92 минута чекала на натпреварот Бурнмаут-Њукасл, Стив Кук да постигне гол за Бурнмаут.
Од обложувалницата во Лејсдаун, британското гратче каде живее оваа среќничка, порачаа дека ова не и епрв пат да ги составува вака ливчињата.
-Права женска интуиција, но неверојатно е како успеа се да погоди. Мило ми е поради неа и нејзиното семејство, ќе имаат преубав Божиќ, кажа вработена во обложувалницата.
Ви го презентираме добитничкото ливче, а тајната е во зборовотите: Барнли, Брајтон, Болтон, Барнсли, Ридинг, Хадерсфилд, Ипсвич, Бартон, Нотингем, Бурнмаут… и двата Шефилди.
Саутемптон-Барнли 0:1
Свонси-Брајтон 0:1
Астон Вила-Шефилд Венсдеј 1:2
Болтон-Норвич 2:1
Барнсли-Бирмингем 2:0
Дерби-Ридинг 2:4
Хадерсфилд-ВБА 1:0
Ипсвич-Престон 3:0
Милвол-Бартон 0:1
Нотингем-КПР 4:0
Шефилд Јунајтед-Хал 4:1
Њукасл-Бурнмаут 0:1Но, затоа жената може да оддаде на интуицијата. Така една Британка сакала минатиот викенд да им покаже на сопругот и синот како се игра спортска. О