Со задолжување на Македонија не можам ниту да претпоставам колкав долг ќе отплаќаат македонските граѓани

Со ова темпо на работа претпоставувам дека ќе бидам последниот репликант по општата расправа за максимално штетниот ребаланс на буџетот и тоа е поентата која што ја потенциравме на сите говори, поента која ја извлекоа сите оние финансиски експерти, изјави на денешната собраниска седница Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ.-Амадмани кои што ќе значат нов живот за сите граѓани во Република Македонија почнувајќи од проблематика која е поврзана со локалната самоуправа,  со земјоделието, ифраструктурата и со се она што ги тишти македонските граѓани сите овие години. Морам уште еднаш да потенцирам дека максимално некоректно кон своите гласачи и кон сите оние кои што ја поддржаа губитничката опција на последните избори СДСМ не поднесе ниту еден амадман во интерес на граѓаните на Македонија. Многу години слушавме на тогашната позиција дека на Портата Македонија ќе имало еден голем видео бим каде што јавно ќе биле покажани бројките за задолжувањето на Македонија, времето помина бимот во нема, го нема бидејќи претпоставувам дека не ги собира бројките и со какво темпо ја задолжуваат Македонија во овие 40 дена колку што се на власт, вели Стевананџија.
Тој потенцираше дека за овој краток период успеаја да не задолжат дури 76 милиони евра, а просекот е милион и пол евра дневно.
-За волја на вистината македонскиот народ треба да знае една аномалија во овој ребаланс иако се кратат наводно трошоците од многу министерства, се зголемува бројката со која што Македонија требаше да се задолжи до крајот на годината и според тврдењата во зависност од евро обврзницата, македонските граѓани треба да очекуваат задолжување од околу 500 милиони евра до крајот на годината и со тоа паѓа во вода се она што го кажуваа во минатото, дека не треба да се задолжуваме, дека новороденчињата се раѓаат со борч од 3 и 4 илјади евра, а со ова темпо не можам ниту самиот да претпоставам која ќе биде бројката на сите новородени деца во 2018 година, истакна Стевананџија.
 
-Амадмани кои што ќе значат нов живот за сите граѓани во Република Македонија почнувајќи од проблематика која е поврзана со локалната самоуправа,&n

Пронајдете не на следниве мрежи: