Со здрава исхрана до неодолива коса

Здравата и неодолива коса е сон на секоја жена. Поврзаноста на исхраната која ја внесуваме со здравјето на косата е неизбежна, па затоа добро избалансираната исхрана и дава еластичност и го подобрува нејзиниот квалитет. Ви издвојуваме некои од најкорисите намирници кои мора да се најдат на вашето мени.
Банана
Бананите, покрај големата енергетска вредност, содржат и биотин кој е неопходен за растот на косата. Овој витамин учествува во апсорбција на хранливите материи од храната која ја јадеме. Недостатокот на витаминот Б6 води до губење на косата. Бананите исто така, се корисни и за ноктите, ги зацврстува и го спречува нивното пукање.

Темнозелен зеленчук
Брокулата, спанаќот и кељот како и другите видови на зеленчук се извор на витамините А и Ц кои се неопходни за создавање на себум и одржување на влажноста на косата. Ова масло е природен балсам за косата и за подобрување на нејзиниот изглед. Исто така, зеленчукот е богат со железо и калциум.

Јајца
Општо познато е дека јајцата се најдобар извор на протеини кои играат клучна улога во градбата на косата. Јајцата се исто така и резервоар на четири минерали и тоа: цинк, сулфур, селен и железо. Особено важно за косата е железото, кое учествува во пренесување на кислородот до фоликулите на влакното, па неговиот недостаток е главен причинител за опаѓање на косата.

Ореви
Оревите се богати со омега-3 масни киселини, биотин и витамин Е. Спречуваат прекумерно опаѓање на косата, а ефикасни се и против првут. Оревите содржат и бакар, минерал кој го одржува природниот сјај на косата. Маслото од ореви се користи за темната коса затоа што ја затегнува и ја прави отпорна на секојдневното механичко оштетување.

Риба
Помрсните видови на риба како што се лососот и скушата се богати со омега-3 масни киселини кои го спречуваат губењето на косата. Рибата исто така, е извор на железо и витамин Б12 кои го одржуваат здравјето на кожата и косата. Лососот е важен за убава кожа, а го поттикнува и растот на косата. За оние кои не се негови љубители, есенцијалните масти може да ги добиете од други видови на риба како што се харингата или пастрмката.

Морков
Освен што е познат по зајакнување на видот, морковот го одржува здрав и коренот на косата. Содржи витамин А кој го стимулира лачењето на природно масло кој и дава сјај и еластичност на косата. Тоа е уште една причина плус зошто морковот да биде неизоставен дел од вашата исхрана.
 
 Здравата и неодолива коса е сон на секоја жена. Поврзаноста на исхраната која ја внесуваме со здравјето на косата е не

Пронајдете не на следниве мрежи: