Едукативни работилници за најмладите во организација на Здружението за бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со „Ладна“.Никогаш не е прерано да започнеме да ги учиме нашите деца повеќе за тоа како функционира телото и кои се добрите навики кои треба да ги практикуваме. Поттикнати од оваа идеја Здружението за бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со „Ладна“ од средината на месец октомври започнаа да организираат едукативни работилници наменети за сите третооделенци од скопските општините Центар, Аеродром и Чаир. „Кога ќе го споите едукативното со забавното го освојувате вниманието на најмладите и тие со задоволство ги восприемаат советите кои им се посочуваат од нашите доктори, а се однесуваат на тоа како да ја одржуваат правилната функција на нивнтите бубрези.
Предавањата се интерактивни, па така лесно можеме да го слушнеме и нивниот став и мислење во врска со навиките кои ги имаат, можат да поставуваат прашања и заеднички да дојдеме до вистинските заклучоци“, вели др. Трпеновски, кој е дел од ова несекојдневно дружење со учениците.
На овие работилници секое дете доби едукативна боенка поврзана со тематиката, боички и шишенце вода Ладна. Планирано е работилниците во овие три општини да се одржуваат до крајот на годината, со што ќе се заокружи првата фаза од активностите на овој проект.
„Нашата цел е да не застанеме овде, туку овие работилници да имаат можност да ги посетат сите третооделенци, не само од скопските училишта, туку и низ остантатите градови во Македонија. Досегашните работилници ги надминаа очекувањата кои ги имавме, бидејќи не изненади желбата за знаење која ја покажуваат децата и фидбекот кој го добивме од нив. Ова за нас претставува доплнителен поттик да ги вложиме сите напори проектот да се распространи што повеќе. Понекогаш вреди во вистинскиот момент да се потрудиме малку повеќе и резултатите ќе бидат неминовни“, велат од Ладна.
Никогаш не е прерано да започнеме да ги учиме нашите деца повеќе за тоа како функционира телото и кои се добрите навики кои треба да ги практикувам