Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека досега се собрани 31.570.576 денари на сметката на Фондот на солидарност и 13.069.400 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400.Од Црвениот крст информираат дека досега се дистрибуирани 28.250 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 1.948 конзервирана храна, 17.619 литри млеко, 15.422 литри јогурт, 4.538 пакети со хигиена, 683 бебешки пакети, 265 тони вода, 746 пакети пелени, 556 душеци, 4.392 кебиња, 600 килограми облека, 734 чизми, 332 литри дезинтал, градежни колички 98, лопати 126, 1036 маски… Укажани се 156 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.
Во четирите прифатни центри „Ранка Милановиќ“, „Сениќ“, „Партение Зографски“ и „Фон Интернат“ каде се сместени 310 лица дистрибуиранс е дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и најранливите.
Од Црвениот крст на РМ апелираат да се донира: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици, пешкири, пелени за возрасни, пластични кеси за ѓубре. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток и во ОУ „Наум Наумовски Борче”- Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 3 096 227).Од Црвениот крст информираат дека досега се дистрибуирани 28.250 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топл