среда, 25 ноември 2026
Најново

Собранието денеска треба да ја избере преодната влада

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Собранието на Република Македонија денеска согласно договорот постигнат на лидерската средба треба да ја избере преодната влада која ќе ги организира парламентарните избори закажани за 11 декември.Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство.
Централниот одбор на СДСМ синоќа едногласно ги прифати предлозите на раководството и Извршниот одбор на партијата за кандидати за министри и дополнителни заменици министри за составот на техничката Влада за организирање и спроведување избори.
Кандидат за министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски, Фросина Ременски е кандидатка за министерка за труд и социјална политика, Кире Наумов кандидат за дополнителен заменик министер за финансии, Александар Кирацовски кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, водостопанство и шумарство.
Согласно постигнатиот договор денеска, на 100 дена пред изборите, на функцијата главен и одговорен уредник на МРТВ треба да биде назначена и Санта Аргирова, чиј мандат ќе трае до крајот на изборниот процес.
Со консензус беше избран и Љуљзим Хазири за петти член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, која исто така ќе работи до крајот на изборите.
На средбата одржана завчера во Клубот на пратениците лидерите на четирите најголеми парламентарни партии постигнаа согласност изборите да се одржат на 11 декември.
Претходно, беше прочистен и Избирачкиот список од гласачи кои имаа спорни записи.Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни

Поврзани вести