Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 92-та седница едногласно и без расправа ги донесе законите за изменување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, и на Законот за управување со кризи со кои се усогласуваат со измените на Законот за општа управна постапка.Пратениците едногласно ги поддржаа и законите за изменување и дополнување на Законот за пожарникарство, на Законот за заштита на природата, на Законот за животна средина, на Законот за контрола на емисии од испраливи органски соединенија при користење на бензини, на Законот за управување со отпадот, на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, на Законот за управување со пакување и отпад од пакувањето, и на Законот за управување со електрична и електронска опремаи отпадна електрична и електронска опрема.
На седницата беа донесени и законите за изменување и дополнување на Законот за градење, на Законот за култура, на Законот за библиотеките, на Законот за филмската дејност, на Законот за аудиовизуелните добра, на Законот за заштита на културното наследство, на Законот за музеите, и на Законот за комплементарна и алтернативна медицина.
На барање на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски дадена е едночасовна пауза по што треба да продолжи работата по дневниот ред на 92-та седница.Пратениците едногласно ги поддржаа и законите за изменување и дополнување на Законот за пожарникарство, на Законот за заштита на природата, на Зако