Собранието на Република Македонија во рамките на денешното продолжение на 87-та седница ги разгледа и без расправа ги усвои законите за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, и за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, двата по скратена постапка. По расправа со 53 гласа „за“ и 15 „против“ Собранието го донесе и Законот за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба, по скратена постпка.Со измените на Законот за земјоделство и рурален развој е пропишана постапка за подмирување на обврските на земјоделските стопанства по основ на неплатена закупнина по основ на користење на земјоделско земјиште во државна сопственост, пашарина, концесии на риби и дивеч, даноци и придонеси со одобрените финасиски средства по програмите за финасиска подршка од Законот за земјоделство и рурален развој.
Со измените и дополнувањата на Законот за извршување на санкциите, пак, се уредува извршувањето на санкциите изречени за кривични дела и прекршоци. Лицата спрема кои се извршуваат санкциите се лишуваат или ограничуваат во правата само во границите неопходни за остварување на целта на санкцијата, а врз основа на закон. Забранет е секаков вид на дискриминација и правилата за извршување на санкциите се применуваат непристрасно. Со лицата спрема кои се извршуваат санкциите се постапува човечно, со почитување на човековата личност и достоинство, зачувување на нивното телесно и душевно здравје и на начин кој најмногу одговара на нивната личност. Санкциите ги извршуваат органите определени со овој закон: судијата за извршување на санкциите, казнено-поправните и воспитно-поправните установи и Управата за извршување на санкциите. Предложените измени и дополнувања произлегуваат од потребата за усогласување со Законот за административните службеници.
Расправа, се разви за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба, по скретена постапка, кој предизвика сомнеж кај пратениците од опозицијата дека ќе го спречи вработувањето на нови лица во Специјалното јавно обвинителство, оти го ограничува правото на специјалниот јавен обвинител да даде статус на заштитен сведок, како и дека претставува директен атак и своевиден притисок врз работењето на обвинителството. Сепак, со 53 гласа „за“ и 15 „против“ Собранието го донесе и Законот за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба.
Целта на измените и дополнувањата на Законот за јавнообвинителска служба, исто така, е усогласување со Законот за административни службеници. Со предложените измени се укинува тестот Аптис, како доказ за исполнување на условот за познавање на странски јазик. Покрај тоа, уредена е и постапката на оценување на јавнообвинителските службеници, но се одлага реализацијата на мерките за одличен и слаб ефект.
Министерот за правда Аднан Јашари потврди дека измените на Законот нема да претставуваат проблем за нови вработувања во Специјалното јавно обвинителство и додаде дека измените се идентични со оние во Законот за извршување на санкциите.
– Целта на измените не е да се спречи работата на специјалната јавна обвинителка и на ниту еден начин нема да има опструкции или пречки од јавните институции во нејзината работа, рече Јашари.
Претходно, свечена изјава дадоа министрите за внатрешни работи, за надворешни работи и за труд и социјална политика, Оливер Спасовски, Никола Попоски и Фросина Ташевска Ременски, кои не присуствуваа на 88 седница на која се бираше новата Влада што ќе ги спроведе предвремените парламентарни избори.
Собранието по редовната пладневна пауза ќе продолжи со работа по дневниот ред на 85-тата седница.Со измените на Законот за земјоделство и рурален развој е пропишана постапка за подмирување на обврските на земјоделските стопанства по основ