Собранието ги усвои извештаите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на второто продолжение на 103.седница ги усвои Годишниот извештај на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2015 година и Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2015 година.Владеачкото мнозинство едногласно ги поддржа извештаите. Во нив сметаат тие, на јасен и недвосмислен начин во духот на отчетноста и транспарентноста е прикажана работата на македонските институции. Пратенциите од опозицијата истакнаа дека во извештаите, за кои гласаа против, освен нумеричка евиденција и статистичка споредба подносителите не прикажале јасно посочување на слабите точки, ниту побарале одговорност од лицата кои несовесно работеле.
Јасминка Дамческа од ВМРО-ДПМНЕ рече дека станува збор за 10-ти годишен извештај за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, кој се однесува на работата на Комисијата за периодот јануари-декември 2015 година.
– Седумдесет и два проценти од вкупниот број поднесени жалби биле позитивно решени од страна на Комисијата. Од 960 поднесени жалби до Комисијата, донесени се: 316 заклучоци со кои постапката за жалба се запира поради доставување на бараната информација, 119 заклучоци со кои постапката се запира поради повлекување на жалбата и четири заклучоци со кои постапката за жалба се спојува во еден предмет. Донесени се 340 решенија со кои жалбата се уважува и се задолжува имателот да ја даде бараната информација, 63 решенија со кои жалбата се одбива како неоснована, 61 решение со кое жалбата се отфрла како недопуштена…, рече Дамческа, пренесе МИА.
Посочи дека Извештајот укажува на институционалната отчетност пред граѓаните, а Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер дава максимален придонес во унапредувањето на ова право и поголема примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во образложението на Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2015 година, директорот на Агенцијата, Жаклина Николовска рече дека заради зголемување на транспарентноста на постапката во фазата на спроведување на испитите поставена е видео опрема со која се снима полагањето на испитите, односно тестот на личност и ќе се емитуваат во живо на веб страната на Агенцијата. Во салата, посочи, е поставен дисплеј за прикажување на резултатите на кандидатите кои полагаат на прелиминарната ранг листа.
– Направена е надградба на страната на апликацијата за одржување на веб страницата на Агенцијата со додавање на нова функционалност односно емитување во живо на испитите. Од страна на Министерството за информатичко општество на Агенцијата и се доделени на трајно користење 40 компјутери за полагање кои се ставени во употреба за таа намера, истакна Николовска.
Појасни дека направена е надградба на воспоставениот модел на пријавување на јавни огласи по електронски пат, а кандидатите кои се заинтересирани ќе треба да креираат кориснички профил преку кој ќе можат да го следат целиот процес на огласот на кој се пријавиле, постигнатите резултати, како и да добиваат информации за денот и часот на спроведување на секоја од фазите на селекција.
– Извештајот дава информации во однос на организациската поставеност. Буџетот на Агенцијата за администрација во 2015 година изнесуваше 42.490.000 денари, додаде Николовска.
На дневен ред на 103.седница, која продолжува утре, се и извештаите на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2015 година, и за работата на Македонската радио-телевизија за 2015 година, Барањето за давање автентично толкување на член 19 став 1 точки 2 и 3 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост поднесено од пратеникот Александар Стојкоски.Владеачкото мнозинство едногласно ги поддржа извештаите. Во нив сметаат тие, на јасен и недвосмислен начин во духот на отчетноста и транспарентност

Пронајдете не на следниве мрежи: