Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 103. седница на која на дневен ред треба да се најде одлуката за формирање на Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата.По изгласување на одлуката од страна на Парламентот Комисијата за седум дена треба да изготви извештај за основаноста на предлогот на опозицијата и да го достави до претседателот на Собранието Трајко Вељановски. Потоа тој треба да закаже нова седница на која ќе се дебатира за извештајот и за предлогот на опозицијата. За да биде изгласана предлог одлуката потребно е двотретинско мнозинство.
Опозициските партии го поднесеоа предлогот за импичмент на претседателот откако тој ја донесе одлуката за аболиција на 56 лица. Од ВМРО-ДПМНЕ во петокот изјавија дека иако се против одлуката за аболиција, сметаат оти претседателот Иванов не го прекршил Уставот и затоа нема да го поддржат предлогот на опозицијата. Според ДУИ, Иванов, на директен начин бил предизвикувач на кризата која еруптирала со одлуката за аболиција. ДПА, пак, решение на кризата вклучувајќи ја и аболицијата гледа во итно враќање на четирите политички партии на преговарачка маса.
Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за импичемнт на Иванов ќе брои 11 члена, претседател ќе биде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, од чија пратеничка група ќе има уште пет члена, по два од ДУИ и од СДСМ и еден од ДПА.
Во рамки на 103. собраниска седница на дневен ред се повеќе предлог закони по скратена постапка, како и интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Олга Најденовска, поднесена од пратениците од опозицијата.
Пратениците треба да ги разгледаат и Извештајот за работата на Агенцијата за администрација и годишните извештаи за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Комисијата за заштита на конкуренцијата и на Државната комисија за жалби по јавни набавки, сите за 2015 година.
На дневниот ред се и повеќе други извештаи за работата на институциите во 2015 година, како и неколку предлог одлуки за давање согласност за финасиските и стратешките планови на институциите за 2016 година.По изгласување на одлуката од страна на Парламентот Комисијата за седум дена треба да изготви извештај за основаноста на предлогот на опозицијата и