Пратениците денеска во рамки на 111.седница треба да гласаат за ребалансот на Буџетот за 2016 година. Општата расправа по предлогот заврши во средата доцна вечерта.За Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година ќе гласаат пратениците од владејачкото мнозинство. Против во расправата се изјаснија СДСМ и другите опозициски пратеници кои предложија ребалансот на Буџетот да биде повлечен од дневниот ред зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според пратениците, е незаконски издадена.
Ребалансот на Буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милион и на вкупните расходи од 196,276 на 195,472 милиони.
Дефицитот е ревидиран од 18,984 на 21,181 милион денари.
На дневен ред на 111. седница се и Предлог законот за изменување на Законот за државниот испитен центар, по скратена постапка, како и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2015 година.
Пред пратениците се и неколку предлог-одлуки за избор на член на Советот на јавните обвинители на РМ, за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти, како и за избор на член на Судскиот совет на РМ.
На денешната седница се и неколку ратификации на спогодби на Владата на Република Македонија со владите на Виетнам, Италија и Србија.
Пратениците ќе расправаат и по измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, на Законот за градежно земјиште, на Законот за административни службеници и на Законот за спортска академија, сите по скратена постапка.За Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година ќе гласаат пратениците од владејачкото мнозинс