Собранието на Република Македонија вечер на полноќ треба да се распушти врз основа на изменетата одлука што ја изгласаа пратениците на 23 февруари годинава. Парламентот, како што е предвидено, се очекува да се распушти со цел одржување на предвремените парламентарни избори на 5 јуни, пренесува МИА.Претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски во телевизиско интервју пред два дена изјави дека денеска законодавниот дом ќе работи нормално, оти на 7 април Собранието ќе биде распуштено и, согласно неговите надлежности, тој ќе распише избори за 5 јуни.
– Како претседател на Собранието на Република Македонија, условно, можам да тактизирам наместо на седми април до петнаесети април да го потпишам решението за распишување и оддржување на изборите на петти јуни, за да и дадам можност на ДИК за продолжување, условно, на некои работи доколку евентуално не се завршени. Тоа се однесува околу делот на Избирачкиот список, бидејќи многу активности во ДИК за време на спроведувањето на изборите зависат од денот на потпишување на решението за распишување на избори од страна на претседателот на Собранието. Поради тоа јас по распуштањето на Собранието ќе разговарам со претседателот на ДИК и ќе му ја дадам таа опција за да може да имаат уште повеќе време за да ги дозавршат работите што би требало, рече Вељаноски.
Со договорот од Пржино од јуни/јули 2015 година постигнат од четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА со посредство на ЕУ и САД, беше договорено изборите да се одржат на 24 април, но оваа одлука беше сменета на предлог на ДУИ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не гласаше иако бараше одложување на изборите, поради како што наведуваа неисполнување на условите за фер, демократски и кредибилни избори. Одложувањето на изборите беше поддржано и од амбасадорите на САД Џес Бејли и на ЕУ Аиво Орав.
Претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски во телевизиско интервју пред два дена изјави дека денеска законодавниот дом ќе работи нормално, оти н