Утре ќе биде последен ден на работа за пратениците од овој состав на Собранието ако се има предвид дека одлуката за неговото распуштање веќе е донесена и треба да стане активна на 24 февруари.По вчерашниот став на меѓународниот фактор дека не се исполнети сите услови за избори во Македонија, единствен начин изборите да се одложат е да се измени изборниот законик.
Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ вчера воопшто не се појавија на лидерската средба свикана од американскиот амбасадор откако претходно испратија порака дека остануваат на датумот договорен во Пржино и изгласан од пратениците на Собранието, изборите да се одржат на 24 април.
Експертите велат дека за да се пролонгираат изборите, мора да се измени изборниот законик во кој стои дека тие ќе се одржат на 24 април. Но за да се случи тоа, партијата која ќе предложи измени на изборниот законик ќе мора да предложи и нов датум за избори.
Ако се има предвид дека СДСМ е единствената партија во Собранието која се противи изборите да се одржат на 24 април, тогаш за очекување е токму од Бихаќка да дојде предлогот за нов датум.
Интересно е да се напомене дека меѓународниот фактор излезе со став дека до 5 јуни има простор за пречистување на избирачкиот список со што ќе се отвори вратата за непречено одржување на изборите.
Но, рејтинзите на опозицијата се на најниско ниво во последните година и половина па на Бихаќка владее голема паника и се прават крајни напори изборите да не се одржат ниту на овој датум. Партиски извори брифираат дека за СДСМ најдобра опција е воопшто да нема избори оваа година а нивните кадри да останат во Владата. На тој начин, како што брифираат од Бихаќка ќе и се остави простор на Катица Јанева преку своите кривични пријави да „грицка“ од рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ што е единствена шанса за партијата барем да го ублажи поразот и да добие некој пратеник повеќе.
Истиот извор вели дека сега СДСМ е во тешка ситуација бидејќи единствено што му преостанува е да го фиксира 5 јуни како датум за избори и да се надева дека ДУИ ќе ја поддржи нивната одлука. Во опозицијата се свесни дека меѓу април и јуни нема многу простор да поработат на својот рејтинг па се разгледувала и опцијата воопшто да не се поднесува иницијатива и да се оди на бојкот на изборите на 24 април. Планот е да се повлечат техничките министри во Владата и да се отповикаат членовите на СДСМ во ДИК.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се подготвени за секоја ситуација и дека ќе ја почитуваат секоја одлука што ќе ја донесе Собранието без разлика дали тие ќе гласаат за неа или не.
Политичките аналитичари особено оние кои работат на истражување на јавното мислење најавија дека опозицијата ќе ги загуби изборите со разлика од околу 140.000 гласа.По вчерашниот став на меѓународниот фактор дека не се исполнети сите услови за избори во Македонија, единствен начин изборите да се одложат е да се