И во попладневниот дел од собраниската расправа за избор на влада продолжија репликите и контрарепликите на пратениците.ВМРО-ДПМНЕ оцени дека е дискутабилна транспарентноста на СДСМ зашто предлог-составот за владата и предлог-програмата биле доставени доцна вечерта во неделата, во еден часот по полноќ, поради што немало доволно време за нивно разгледување, копирани се многу мерки од работењето на досегашната влада, а за повеќето проекти недостигаат конкретни термини и динамика за реализација.
Според СДСМ, пак, понудената програма е сосема поинаква од онаа на ВМРО-ДПМНЕ, а и политиката што ја најави мандатарот ќе значи целосна промена во однос на досегашната практика – општество еднакво за сите, без притисоци, закани и уцени.
– Програмата повеќе личи на бајка, а можам да забележам и многу копирани мерки, но тоа е во ред, сте го прифатиле она што било добро. Се потсмевавте дека сме земјоделска влада, а сега практично продолжувате по патот што го трасираше ВМРО-ДПМНЕ, рече Благица Ласовска.
Укажувајќи дека членството на Македонија во НАТО беше стратешка определба и на ВМРО-ДПМНЕ, Ласовска побара СДСМ да каже како ќе ја реализира оваа цел. Воедно изрази сомнеж дека новата влада ќе го укине екстерното тестирање кое, нагласи, е само популистичка мерка, а дилема отвора и проектираното зголемување на платите на лекарите на 100.000 денари зашто во програмата не е наведено кога тоа ќе се случи.
– И ВМРО-ДПМНЕ сака земјава да влезе во НАТО, и нам тоа ни беше стратеша определба, но кажете и на јавноста како планирате да ја внесете Република Македонија, дали ќе го смените името, праша Ласковска.
Се надоврза Драган Цуклев со забелешка за транспарентноста на СДСМ. – Имавме само 30 часа да ги разгледаме предлог-составот на владата и предлог-програмата. Со ваквиот чин се скршна од основните наводни заложби за транспарентност. Ова е само обид за брзо протнување на програмата, особено во делот на економијата. Предлогот има многу желби и пароли, но не и конкретни мерки и динамика за реализација, а имавте време да изработите квалитетна програма. Предизборието одамна помина, флоскулите за реформска влада не се доволни, порача Цуклев.
Реагираше Горан Милевски од ЛДП кој искажа јасна поддршка за владиниот состав и програма. Му порача на мандатарот Зоран Заев дека граѓаните имаат големи очекувања и не смее да бидат изневерени.
– Денес е голем ден за Македонија. Завршува владеењето на автократската власт, почнува нов концепт на размислување, делување и водење на државата. Се отвораат можности за живот во слободно општество, без партиски притисоци и уцени. Ќе дадеме подршка за рушење на системот кој влеа страв кај граѓаните, а базираше на коруптивно владеење, енормно богатење на поединци, притисоци, закани, уцени… Масовното иселување мора да запре, пред законите треба да одговараат сите, мора да се демонтира партизираното судство, а партиската книшка мора да се замени со критериумот за квалитет, истакна Милевски.
Седницата ќе продолжи во 18 часот, а гласањето за кое е неопходно да се изјаснат најмалку 61 пратеник, треба да биде најдоцна до полноќ.ВМРО-ДПМНЕ оцени дека е дискутабилна транспарентноста на СДСМ зашто предлог-составот за владата и предлог-програмата биле доставени доцна вече