Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска на седница ги разгледа предлог-измените на Законот за работни односи со кои се бара продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци.Пратеничката Нола Исмајловска, која е една од поднесувачите на Предлог-законот, образложи дека ова законско решение го нудат како поддршка на иницијативата од 210 граѓани, која била отфрлена како неуредна.
– Поради тоа решивме да го поднесеме ова како Предлог-закон за да не ги одоговлекуваме процедурите и да добиеме можност да расправаме за ова прашање преку јавни расправи на кои би учествувале сите засегнати страни и би добиеле најдобри решенија, рече Исмајловска, додавајќи дека подносителите на граѓанската иницијатива сметаат оти е корисно за децата да бидат подолго со мајката.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска посочи дека со ваквото законско решение значително ќе се оптовари Буџетот на Република Македонија, а од друга страна со предлогото отсуство на мајката од пазарот на труд се губат ресурси.
Пратениците од парламентарното мнозинство сметаат дека предложеното законско решение е популистичка мерка на ВМРО-ДПМНЕ со која се опфатени само мајките, а не и татковците. Предлог-законските измени, според нив, се предложени без претходно направена анализа и дебата.
За пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, најважен е развојот на децата и треба да и се даде можност на мајката подолго време да се грижи за новороденчето. Тие се согласија со констатацијата дека измените ќе имаат финансиски импликации врз Буџетот на Република Македонија, но, како што посочија, најважна е грижата на мајката за бебето во првите години од неговиот развој ако се земе предвид и периодот на доење кој се препорачува од страна на педијатрите.
Пратеничката Даниела Рангелова најави дека во вторник треба да се одржи јавна дебата за ова прашање на која ќе бидат поканети сите засегнати страни.Пратеничката Нола Исмајловска, која е една од поднесувачите на Предлог-законот, образложи дека ова законско решение го нудат како поддршка на иници