Societe Generale со загуба од 476 милиони евра во четвртиот квартал

Втората најголема француска банка Societe Generale во средата извести дека остварила загуба од 476 милиони евра во четвртиот квартал од 2012 година, што го припишува на слабата економија во еврозоната и еднократни трошоци.Во истиот период претходната година, банката остварила нето добивка од 100 милиони евра.Меѓу главните причини за загуба во последниот квартал се издвојуваат значителни еднократни тримесечни трошоци, вклучително и сметководствен загуби на вредноста на долгот, како и отписот на goodwill поврзан со една компанија, која е заедничко брокерско работење со банката Credite Agricole.Слабите резултати се припишуваат на слабиот економски амбиент во Европа, со напомена дека пораснале резервациите за загуби по ненаплатени кредити во банките во Франција и Романија, како и загубата во рускиот огранок Rosbank.За цела 2012 година, Societe Generale остварил нето добивка од 774 милиони ера, што е пад од 67,5 отсто во споредба со добивката остварена во 2011 година.Во соопштението на банката се најавува дека со новиот менаџмент и променетата структура ќе бидат намалени трошоците во работењето во наредните три години, но се изнесени поединости.
МакфаксВтората најголема француска банка Societe Generale во средата извести дека остварила загуба од 476 милиони евра

Пронајдете не на следниве мрежи: