„Лудаци, лопови, психопати, понављачи, бездушници, злосторници, манијаци, клептомани, скотови, ѕверови, гадови, гниди, штетници, сатрапи, багра, уличари, глупаци, богаљи, бездраници…“Ова се зборови од речникот со кој на својот Фејсбук профил се обраќа пратеничката Софија Куновска.
Софија Куновска не е прв висок функционер на СДСМ кој се обидува да го спушти нивото на политичка комуникација употребувајќи недолична реторика. СДСМ преку пратеничката Софија Куновска го наметнува повторно нивниот познат арогантен и хистерично вулгарен дневно политички дискурс за замајување на македонската јавност.
Се добива впечаток дека првите луѓе на СДСМ се во меѓусебна битка кој повеќе ќе го спушти нивото на дебатата. Во тој контекст, последна се наметнува и Софија Куновска, која секако треба да се “докаже“ пред партиските органи. Меѓутоа тоа е само еден од низата бисери од страна на водечките луѓе на СДСМ, чиј што вокабулар е преполн со вулгарни зборови и етикети насочени кон своите политички противници и што е уште пострашно кон својот народ кој по сѐ изгледа го перципираат само како средство за манипулација и реализирање на своите тесногради цели.
Така да речникот на Софија Куновска по ништо не се разликува од останатите перјаници на нејзината партија, на пример од новинарската еминенција на СДСМ Бранко Ѓеровски кој пишува “психопатите да си го напикате во шупак да видите што лајна сте“ , “дпмнеовски кретеноиди да ми го бричат со зелено џамче“… За Мирјана Најчевска како и самата тврди повеќе од “јасно и гласно“ македонскиот народ е составен од “глуперди и цепаници неделкани“..За Стево Пендаровски пак десетици илјади македонски граѓани претставуваа “стока собрана во бачила’… Навредите имаат и морбидна конотација како во случајот на Бранко Тричковски на неговиот статус по настаните во Диво Насеље, за припадниците на македонската полиција, “полицајците кои денеска не успеаја да загинат во служба на големиот идиот, ќе имаат можност да се ОСЛОБОДАТ ОД УСРАНИТЕ ЖИВОТИ ВО ПРВАТА НАРЕДНАприлика“….Братот на Сашо Ордановски Ванчо поседува вакво мислење за македонскиот народ “нација на злобни, глупи, малициозни, неписмени, религиозни, курвини луѓе, им пожелувам долга и тешка сиромаштија, да копате по контејнери“… итн.
Граѓаните веќе навикнаа на навредите и конфликтната реторика од страна на СДСМ. Познавачите на македонската политичка сцена токму во таквиот арогантен и потценувачки пристап кој СДСМ го практикува спрема македонските граѓани го лоцираат главниот виновник за политичкиот неуспех на девет изборни циклуси на опозиционата партија. Која како што тврдат не може да се фати во коштец со основните причини за нискиот рејтинг а тоа се, отсуството на морален кредибилитет и понуда на релевантни политики и стратегии.Ова се зборови од речникот со кој на својот Фејсбук профил се обраќа пратеничката Софија Куновска.
Софија Куновска не е прв висок функционе