Софтвер што може да урне електрична мрежа

Истражувачи од Словачка и САД открија, односно детектираа тн. штетен софтвер кој може да уништи цела електрична мрежа, наведувајќи дека веројатно токму тој малвер е одговорен за кусиот прекин на струја што се случи во Киев кон крајот на минатата година.Компаниите за кибер безбедност, словачката ЕСEТ и Драгос од американската држава Мериленд, соопштија дека овој малвер може да ги контролира прекинувачите и струјните кола, што е загрижувачки и претставува можна закана за обезбедувањето на доток на струја, коментираат експертите.
– Потенцијалното влијание на еден ваков малвер е огромно. Не е ограничен само на Украина. Индустрискиот хардвер со кој оваа штетна програма е во контакт, се користи во критични инфраструктури низ светот, изјави Роберт Липовски од фирмата ЕСЕТ.
Според него, малверот може на неколку дена да ја прекине електричната енергија во одреден регион, но не и во цела држава.
– Со одредени модификации, штетната програма може да напаѓа и други видови инфраструктура, како што се транспортната, водоводната и гасната, додава тој. 
 Компаниите за кибер безбедност, словачката ЕСEТ и Драгос од американската држава Мериленд, соопштија дека овој малвер може да ги контролира пр

Пронајдете не на следниве мрежи: