Сојузот на слепите реагира: Техничката министерка Ременски да ја прочита Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност

Членството на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија повторно реагира на грубите лаги и искажани невистини од страна на кабинетот на техничката министерка за труд и социјална политика на РМ Д-р.Фросина Ташевска Ременски. Во продолжение следува реакцијата во целост:Имено од страна на техничката министерка веќе еднаш беше формирана комисија за надзор над НССРМ која во месец мај (кога напоменуваме се претпоставуваше дека ќе има избори во месец јуни)   цели три недели доаѓаше во контрола над НССРМ и истата очигледно не си ја заврши добро работата и не достави никаков извештај бидејќи изборите се одложија па ете повторно сега пред избори техничката министерка праќа комисија за надзор над НССРМ.Но овој пат во појачан состав, па доаѓаат дури и лица кои без овластување сакаат да вршат надзор над работата.
Отворено ја прашуваме техничката министерка дали и самата нема власт во сопственото министерството и таму владее без редие и без законие со оглед на фактот дека доаѓаат во контрола и лица кои не се овластени од истата, самоволно и со оглед на фактот дека на овластувањата нема потпис од дополнителниот министер.
Во однос на искажаните лаги и невистини дека не се барани други документи освен финансиски веројатно во тоа веруваат само тие кои го пишувале дописот до јавноста на техничката министерка, за што постојат копии од се што е барано.
Особено не навредува фактот што техничката мнистерка гледа се низ призмата на политиката и гледа политички да не обои сите, повторно напоменуваме дека Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е непартиска организација, нас тука не сплотува судбината и единствената желба за подобро утре на скеој слеп човек, нас не спојува борбата за заеднички напредок кон подобро утре на секое слепо лице.Затоа што ние не гледаме со очите, но гледаме со душата, а душата на многу слепи лица е повредена во сите обиди за политиканство на техничката министерка и во сите обиди за обојување со политичка опција.Очигледно техничката министерка освен политика не знае дека во НССРМ не име секакви, и млади и стари, и деца а знаеме дека децата не можат да бидат политички активни, и албанци, македонци,роми, турци, власи, срби, од сите националности, затоа што слепилото не познава религија и националност, па оттука не може техничката министерка сите да не сместува во исти кош, затоа што ние не сме стадо овци, но и благодариме на навредите.Очигледно неа некој погрешно ја советува, но со оглед на тоа што во Комисијата има нестручни лица, социјални работници да вршат надзор над финансиското работење и над сметководството, очигледно дека тука станува збор за фотелји и лични интереси, а за никаков професионализам од страна на техничката министерка.
И само да додадеме очигледно една техничка министерка треба да се засрами дека не ја прочитала Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност која и нашата држава ја има ратификувано, па наведува дека “хендикепот не смее да биде злоупотребуван од никого “.Министерке ние не сме хендикепирани, затоа што ние гледаме со срцето, очигледно некој друг тука не гледа добро, секаде се користи терминологијата лица со инвалидност, но не и хендикепирани која е длабоко наврдлива за секое лица.Со самото тоа навредивте многу фамилии….Ви благодариме…Имено од страна на техничката министерка веќе еднаш беше формирана комисија за надзор над НССРМ која во месец мај (кога напоменуваме се претпоставу

Пронајдете не на следниве мрежи: