Силно портокаловата боја на морковот потекнува од каротенот, кој во моковот го има во ивобилство , како во ниту една друга намирница.Од каротенот настанува витаминнот А кој ни обезбедува подобра пигментација и здрава кожа, коски, коса и нокти. Потоа влиае на правилниот раст, работата на црниот дроб, желудникот, го јакнее срцето, го подобрува видот, го подига имунитетот.
Сокот од моркови е одлично природно средство за чистење на организмот од штетни материи ( поготово се препорачува на пролет), против полиартритис, лошо варење, гастритис и хемороиди.
Го ублажува психичкиот замор предизвикан од прекумерна интелектуална работа и стрес. Го ублажува заморот на срцевите муслули, ја регулира размената на материи во организмот па со тоа влиае и на регулирање на телесната тежина.
Како лек, сокот од морковот потребно е да се пие наутро пред појадок и тоа околу 150 милилитри, обавезно свежо цеден. Бидејќи сокот од морков многу ефикасно ги убива бактериите, пожелно е малку да го задржите во уста пред да го голтнете. Освен тоа една чаша од овој напиток доволна е да ја отстрани киселината во желудникот. Затоа сосема е сигурно дека би биле многу поздрави доколку денот, наместо вообичаеното кафе, го започнеме со овој напиток.Од каротенот настанува витаминнот А кој ни обезбедува подобра пигментација и здрава кожа, коски, коса и нокти. Потоа влиае на правилниот раст



