Шок по пијаната ноќ: Добил проблем до крај на животот

Даниел Клавин (38) спие одвоено од сопругата, сам во соба, едвај јаде, и се срами да излегува во јавност.Овој 38-годишен Ирец се соочува со сериозен проблем кој веќе две години сериозно му го попречува нормалното функционирање во животот. Пред две години Даниел имал луда пијана ноќ со пријателите, но по таа ноќ тој никогаш не престанал да ика.
Данил има сериозни маки. Тој не може нормално да јаде, а има и денови кога и по 30 секунди не може да земе здив. Редовно посетува невролог кој му дава клоропрозамин. Лекот не му ја сопира икавицата, но барем повремено ја ублажува.

Откако почнал да го зема лекот, се случувало да ика 5-6 дена без престан, а потоа 3-4 дена сосема да престане, па пак да започне да ика. Наскоро ќе почне да зема и лекови за епилепсија за да провери дали тие ќе му ја смират икавицата.
Постои можност во дијафрагмата на Даниел да се вгради пејсмејкер кој би го спречил сигналот од мозокот и трајно би го решил овој проблем.
Животот на Даниел станал вистинска борба. За среќа, неговата сопруга не се откажала од него, а успеал и да си ја задржи работата благодарение на толерантните колеги.Овој 38-годишен Ирец се соочува со сериозен проблем кој веќе две години сериозно му го попречува нормалното функционирање во живото

Пронајдете не на следниве мрежи: