Млада англичанка доживела неверојатно изненадување бидејќи не знаела дека е бремена се до самото породување.Ана Хаи (20) од Ворингтон студира медицина на Универзитетот во Ливерпул. Поради болки во грбот морала да оди во болница и таму дознала дека е бремена.
Таа за време на целата бременост ја задржала витката линија и воопшто не насетила дека е бремена.
„Беше лудо. Мислев дека имам помали здравствени проблеми. Отидов со мајка ми на лекар, а во болница ми направија бројни анализи и ми дадоа седативи. Никој не знаеше дека сум бремена се додека не ми пукна воденикот додека лежев во кревет“, рекла Ана.
Таа родила здраво момче тешко 3.6 кг, а интересно е тоа што во текот на бременоста таа вредно учела за испитите и исто така работела како келнерка за да заработи дополнителни средства.
Веднаш по породувањето му се јавила на момчето Џејмс Фишер (20), со кого е во врска веќе три години, за да му ја соопшти радосната вест.
„Кога ме праша како поминав на преглед, му кажав дека станал татко. Не можеше да верува во тоа што му го кажувам, па морав неколку пати да му повторам“, се присетува Ана.
Двајцата млади родители полека се привикнуваат на новиот живот со детето.Ана Хаи (20) од Ворингтон студира медицина на Универзитетот во Ливерпул. Поради болки во грбот морала да оди во болница и таму дознала дека е бреме