14-годишно девојче отишло да се породи на Гинекологија во Тузла. Таа била најмладата мајка за минатата година во овој регион.Од болницата велат дека, за жал, последниве години имаат зголемен број на мајки кои носат бебенца на свет, а и самите се деца, односно малолетнички.
Велат дека не е мал бројот на малолетници кои се впуштаат во сексуални односи и тоа без заштита.
„Со години имаме изразен проблем со прилично високиот процент на малолетни девојки кои раѓаат несакани и непланирани деца. Таквите бремености се ризични, бидејќи девојчињата или девојките, во гинеколошка смисла, се` уште не се формирани и не се психофизички подготвени за мајчинство“ – истакнува лекар од болницата.
Од болницата велат дека, за жал, последниве години имаат зголемен број на мајки кои носат бебенца на свет, а и самите се деца, односно малолетнички