ШОКАНТНА ИСПОВЕД: Бил Козби ме силуваше и дрогираше

Тешкото обвинение стигна на сметка на актерот, кој ја стекна свестката слава како олицетворение на добар и семеен човек во серијата „The Bill Cosby show“.Американскиот комичар Ханибал Бурс, неодамна го прогласи познатиот колега Бил Козби дека е „сериски силувач“.
Обвиненијата на Бурс ги потврди и Барбара Боуман. Поранешната актерка и модел тврди дека Козби подолго време сексуално ја злоставувал додека била малолетна и опишува низ каков пекол поминала додека била во негово друштво.
„Тој ме дрогираше и ме силуваше“, тврди Боуман. „Тој е чудовиште! Се надевам дека другите ќе научат лекција од моето искуство и дека нема да дозволат познатите, богатите и моќните да ги застрашуваат. Ако успеам да и` помогнам барем на една жртва, тоа ќе значи дека добро сум си ја завршила работата“.
Таа растела заедно со нејзината мајка, а на 13 години потпишала договор со една модна агенција. Во 1985 година, Бил Козби ја повикал на приватна аудиција.
„Агентот ме повика и ми рече дека господин Козби бара млади таленти и дека имам голема шанса да ме земе под негова заштита. Бев пресреќна и желна да ги задоволам неговите потреби. Тоа беше мојата голема шанса“.
„Кога се појавив кај него, тој застана зад мене и почна да ми го масира вратот и рамениците. Не ме допираше на друго место, но оттогаш започна хоророт“, се присетува Барбара.
Сите тие приватни часови за обука со Козби, се сведувале на неговите убедувања дека Барбара треба да му верува и дека тој е нејзината животна потреба.
„Постојано повторуваше дека можам да му верувам како да ми е татко“.
Денес, Барбара смета дека сето тоа беше дел од неговиот пеколен план. Се здобил со нејзината доверба, но и со довербата на нејзината мајка која исто така ја честел со подароци. Тој постојано ја убедувал дека се грижи за доброто на Барбара. „Веќе бев скршена кога ме дрогираше и силуваше, ми го испра мозокот и бев убедена дека не е во ред да им се спротивставувам на неговите сексуални напади“.

Иако давала отпор година дена, таа доживеала непријатен инцидент во Рено, во Невада.
„Ги изгаси светлата во хотелската соба. Ме легна на каучот и почна да ме допира по целото тело. Во еден момент ја стави мојата рака на неговиот пенис и ме натера да мастурбирам. Истрчав од собата и повратив кога беше готов. Набрзо потоа, тој отиде еден чекор понатаму“, тврди Барбара.
Неколку месеци подоцна, таа била силувана во неговиот дом во Њујорк.
Таа ја криеше срамната тајна од нејзината мајка, бидејќи била уверена дека ќе дојде до пресврт во нејзината кариера и дека дружењето со Козби ќе и` донесе светска слава.
Но, неговата опседнатост со Барбара полека се губела. Ветувањата не се оствариле…
Нов почеток
Тој престанал да и` плаќа кирија и Барбара се вратила дома, во Денвер. Таа успеа да заштеди малку пари и се вратила во Њујорк. Овој пат, таа успеала без ничија помош и во осумдесеттите се појавила во повеќе од 30 реклами на националната телевизија. За прв пат се обидела да покрене тужба против Козби во 1987 година, но била исмеана од адвокатот кој што требал да ја застапува.
Наредната година, една друга девојка го обвини Козби дека ја силувал. Барбара се понудила да сведочи во нејзина корист, но подоцна дознала дека девојката успеала да постигне договор со адвокатите на Бил Козби надвор од судницата.
Барбара денес е успешен уметник и мајка на две деца.
„Тие искуства живеат во мене. Доживувањето на таквите напади влијаеше врз мојата способност да им верувам на сопствените инстинкти. Околу мене создадов ѕид кој долго време не успеав да го срушам. Ѕид за чие создавање е виновен Бил Козби“, ја завршува приказната 47-годишната Барбара Боуман.Американскиот комичар Ханибал Бурс, неодамна го прогласи познатиот колега Бил Козби дека е „сериски

Пронајдете не на следниве мрежи: