Мадам Жељка, приведувана во Црна Гора поради учество во организиран ланец на ВИП проституција и поради поседување наркотици, раскажала шокантни детали од својот живот! Имала само 10 години кога нејзиниот татко сторил убиство, а потоа си пресудил и себе си.„Имав 10 години кога татко ми ги уби мајка ми и баба ми, а потоа и себе. Три куршуми во едната, три во другата и еден во себе. Неколку месеци го смислувал тоа“ открива детали од семејната трагедија Жељка Роловиќ (39), попозната како мадам Жељка.
Мајка ѝ ја родила Жељка на 16 години.
„Забременила на 15, а на 16 ме родила мене, а на 17 години мојот брат Жељко. Родителите постојано се расправаа и смируваа. Татко ми многу ја сакаше мајка ми. Работеше како чистачка во болница. Сите ја сакаа.“, раскажува Жељка и додава дека татко ѝ бил болно љубоморен и дека постојано пиел.
Додава дека знаел по некогаш да биде и насилен и дека знаел „понекогаш и да ја удри“ мајка ѝ.
Жељка и нејзиниот брат биле константно занемарувани бидејќи родителите никогаш не бие дома, поради што кога имале 7 и 8 години, завршиле во дом за незгрижени деца. Жељка во теј период крадела, учествувала во тепачки и правила многу скандалозни работи незамислива за нејзините врсници:
„Ѝ се покакав на мала кога спиеше со отворена уста. Таа ме мразеше… И јас ѝ ставив измет во устата додека сите спиеа. Што се не правев!“, раскажува Жељка која на 14 години избегала од домот.„Имав 10 години кога татко ми ги уби мајка ми и баба ми, а потоа и себе. Три куршуми во едната, три