Шокантна исповед на позната мисица: Добив понуда за елитлна проституција, се започна вака…

Мис Црна Гора, Наташа Милосављевиќ раскажала дека преку порака добила понуда која, како што се сомнева, поврзана е со елитна проституција поради  што  размислува да се јави во полиција.Наташа раскажала дека  некоја жена од Србија, чиј  број  не сака да го изнесува во  јавноста ѝ пратила порака дека има  деловна понуда за неа и  да ѝ го остави бројот  за да ѝ објасни  за што  се работи. Мислејќи дека се работи  за моделинг, мисицата ѝ го упатила својот број, а потоа како  што  вели  се шокирала од пораката која ја добила.
„Од пораката сфаќате дека се работи за елитна проституција,  односно  деловна придружба. Тоа не е никаква работа со  која се занимавам, никаково снимање, снимање на реклами…“, вели  Наташа.
Потоа таа  содржината од непристојната понуда ја објавина на својот Фејсбук профил.
Поздрав мила… Имам клиет  кој  живее во  Азија и  е многу  заинтересиран за тебе. Подготвен е да плати колку  и  да бараш за еден викенд на Сингапур. Ова е се строго дискретно. Јас нему сум му  како „персонал скаут“.
Наташа посебно ја шокирало содржиата во која  е сечено дека „веќе некои мисици кај него биле и  дека се  вратиле задоволни“.
„Не смеам да ти кажувам детали  за нив, но  се е проверено, сигурно и  ддискретно. Прашање е само дали  си  ти  заинтересирана. Парите не се проблем, само кажи колку  бараш и тоа е тоа. Воглавно  се работи за шопинг, ресторани, излегувања и слично“, заклучено  е во  пораката.

 
Кога црногорската мисица ја обелоденила оваа порака веднаш  ѝ се јавила хрватската мисица. ѝ кажала дека и  таа претходно имала слично искуство.
Поддршка за мисицата стига секојдневно, од пријатели, познаници и  фаови. Таа вели  дека сепак се изненадила кога нејзина пријателка искоментирала  дека не требало да објави  ваква приказна во јавноста. Наташа не се согласува со ваквата  оцена.
„Не можев ова да го премолчам. Кога некој  праќа ваква порака до мисица, можете да си  замислите  какви работи им се случуваат  на девојки кои  не се јавни  личности. Какви  луѓе ги малтретираат“, се прашува Наташа.
Црногорската мисица истакнува дека  идните мисици треба да бидат свесни  за овие случувања. Таа смета дека во јавноста не се посветува  доволно внимание  на ваквите случувања, туку се прикажува само  убавата страна на оваа работа.
„Убава е работата со која ние се занимаваме, но се молчи за ваквите непријатности и  тоа треба да се промени“, вели  мисицата.
Наташа им порачува на сите девојки  дека треба да бидат  сигурни  во  себе, да имаат  цврст  карактер  и  да се ценат  себе си. Никогаш, вели  таа не смеат да се согласуваат на вакви понуди како  што  ја добила таа. Таа истакнува и  дека не треба да дозволат  било  кој да ја повреди  нивната чест, гордост.
„Без оглед на тоа во  каква ситуација се наоѓате. Денес имате пари, утре не. Парите се минлива работа“, вели таа.
Наташа на Фејсбук напишала  дека не страда од тоа да мора по  секоја цена да руча во скапи  ресторани, да излегува на најдобри  места“.
„Еве баш  вечерва планирам да излезам во еден локал, а не во  Сингапур туку во  мојот град. Но, ќе ми  биде како  да сум во  најдобриот локал на најдобрата дестинација, бидејќи ќе бидам опкружена  со пријатели, нормални  луѓе, а не со  полусвет како  тие вашите“, истакнала таа.Наташа раскажала дека  некоја жена од Србија, чиј  број  не сака да го изнесува во  јавноста ѝ пратила порака дека има  де

Пронајдете не на следниве мрежи: