„Отидов на журка и се сетив што ми рече. Ми рече да не пијам алкохол, така да наместо тоа, пиев спрајт. Се чувствував горда на себе, како што ми рече дека би требало да се чувствувам. Ми рече дека не би требала да пијам и да возам, спротивно од тоа што некои други ми го кажаа. Донесов здрава одлука и твојот совет беше точен, како и секогаш.
Кога журката конечно заврши, луѓето почнаа да возат иако не беа способни тоа да го прават на вистинскиот начин. Отидов до автомобилот свесна дека ќе се вратам дома мирна. Никогаш не ни помислував што ме чекало, мајко.
Сега лежам неподвижна на коловозот и ги слушам полицајците како велат „Дечкото кој ја предизвика сообраќајката бил пијан“. Мајко, неговиот глас звучеше како да е така далеку. Мојата крв е секаде околу мене и со сета сила се обидувам да не вриштам. Ги слушам докторите како велат „Оваа девојка ќе умре“. Изгледа дека младиот дечко кој возел со голема брзина одлучил да пие и вози и сега јас морам да умрам!
Зошто луѓето го прават тоа, знаејќи дека тоа ќе уништи многу животи? Болката ме реже како стотина ножеви. Речи им на моите сестри да не плачат, речи му на тато да биде силен. И кога ќе одам во рајот, ќе внимавам на сите вас.
Некој требало да го учи тој дечко дека е погрешно да се пие и да се вози. Можеби ако неговите родители му го кажале тоа, сега јас не би била пред смртта. Мојот здив станува послаб, се повеќе и повеќе. Мајко, ова се моите последни мигови и се чувствувам очајно. Би сакала да можам да те прегрнам мајко, додека лежам овде и умирам…
Би сакала да можам да ти речам колку те сакам, мајко… Те….са…кам…збогум“.
Овие зборови ги напишал новинар кој сведочел во сообраќајната несреќа. Девпјката која била дел од оваа несреќа додека умирала, ги кажувала овие зборови, а новинарот внимателно ги запишувал. Истиот тој новинар ја започнал кампањата која треба да им ја испратите на своите пријатели, на своето семејство, на оние кои ги сакате.
Можеби вашиот живот ќе го спасите, или, пак, животот на некој од оние луѓе кои ги сакате. Немојте да им дозволувате ниту на другите да возат пијани. Понудете им се да ги пренесете или повикајте им такси.„Отидов на журка и се сетив што ми рече. Ми рече да не пијам алкохол, така да наместо тоа, пиев спрајт. Се чувст