Крај на шокантната врска ѝ ставил таткото на 34-годишниот маж кој случајот го пријавил во полиција и во Центар за социјална работа.34-годишен маж од Ариље во Србија планирал да се ожени со 13-годишно девојче, а сега му се закануваат 12 години затвор.
Мажот неколку дена живеел со малолетничка која доброволно се согласила на соживот и брак, а ги раздвоиле Центарот за социјална работа и полицијата. Девојчето минатиот месец ги излажало родителите дека оди да посети пријател, а всушност се преселила во домот на „идниот сопруг“.
Против мажот ќе биде поднесена казнена пријава, а малолетничката во иднина ќе биде под строг надзор. Дополнителен проблем претставува семејството на девојчето во кое „односите не се баш средени“.
Центарот го вратил девојчето кај родителите кои се обврзале на соработка.
„Најважно е се да се врати во нормала, бидејќи ова е многу чувствителна тема. Секако дека е голем шок, поготово кога ќе се случи во мало место, иако слични работи се случуваат и во поголемите градови“, рекле од Центарот.34-годишен маж од Ариље во Србија планирал да се ожени со 13-годишно девојче, а сега му се закануваат 12 години затвор.
Мажот неколку дена