Шокантна приказна за украдено детство на едно девојче: Се омажила на 10, родила на 13 години, а потоа уште една трагедија

Оваа потресна приказна е за Алемтсахие Гебрекидан од Етиопија која имала само 10 години кога нејзиното детство било прекинато. „Си играв надвор, кога ме повика мајка ми дома и ми рече дека ќе се мажам“ – вели несреќната Алемтсахие.
Се омажила за 16 годишник, кој не го познавала до денот на венчавката.  Иако сеуште дете на 13 години веќе родила син кој сега има 25 години. На бременоста се потсетува како на траума, бидејќи нејзиното незрело тело тешко се носело со уште еден живот во неа.
Ако бременоста била тешка, мајчинството било уште потешко, а влошено и од фактот дека во тоа време во Етиопија имало војна. Во таа војна загинал нејзиниот сопруг кој имал 19 години.

Останувајки млада вдовица со дете, Алемтсахие паднала во рацете на трговците со луѓе кои ветувале подобар живот во странство.
Синот го оставила кај мајка и и отпатувала во Египет каде работела како неплатена слугинка. Но по само 2 месеци се појавиле нови понуди за подобар живот, овој пат за Велика Британија.
На само 16 години барала азил, била сместена во вдомувачко семејство, а потоа се преселила во свој стан.

Алемтсахие сега има 38 години и живее во Лондон, вели дека сеуште е лута на нејзините родители бидејќи животот и е уништен поради прераното стапување во брак.
Та се вратила во училиште да научи англиски, а сега и помага на организацијата „Девојчиња а не невести“, која има за цел да им помага на девојчињата невести во Етиопија.
Според податоците на шведската здравствена организација секоја година 14,2 милиони девојки се присилени на брак.„Си играв надвор, кога ме повика мајка ми дома и ми рече дека ќе се мажам“ – вели несреќната Алемтсахие.
Се омажила за 16

Пронајдете не на следниве мрежи: