ШОКАНТНА ВИСТИНА ЗА CSI: Исповед на човек кој се занимава со оваа работа!

Колку навистина најпопуларните серии во последната деценија се во склад со она што се случува во реалниот свет, ќе ви прикажеме во текстот кој се наоѓа пред вас.Последните десетина години, телевизиските канали се преплавени со серии кои ги следат истражителите низ разните американски градови, скратено CSI (Crime Scene Investigation), во превод: Оддел за истражување на местото на злосторството.
Само, дали баш навистина е така? Извршниот директор на компанијата Sorenson Forensics од Солт Лејк Сити, Тим Куфершмит, вели дека понекогаш ги гледа овие серии.
„Ги гледам поради забава. Најголем број од овие работи едноставно не се случуваат во реалниот живот. Не се случува да се идентифицира нечија ДНК и тогаш на компјутерот да излезе возачката дозвола на тој човек и GPS координатите кои водат до него“, вели Куфершмит.
Поради тоа, тој состави листа на ТОП 10 митови кои всушност се голема заблуда. Тие се…

 

1. Криминалните лаборатории можат да ги добијат резултатите од ДНК анализата на материјалите за неколку часа.
2. Обвинетиот ќе седи во соба за испрашување, носејќи ја истата гардероба која ја носел за време на криминалниот чин, што ќе доведе до конклузивни резултати за тестирање баш додека седите и зборувате со него.
3. Истражителите ги следат случаите од почетокот до крајот на истражувањето и ги завршуваат истрагите за неколку дена.
4. Истражителите ќе бидат директно вмешани во истрагата, претресите и апсењата.
5. Истражителите можат да извлечат ДНК буквално од било која површина.
6. ДНК анализата дава два резултати: „Да, виновен е“ или „не, не е виновен“.
7. Истражителите можат да извлечат ДНК примерок од било која површина и да одговорат дали тоа е од солза, плунка, пот или кремирани остатоци.
8. Сите луѓе се наоѓаат во ДНК базата на податоци.
9. Кога резултатите од ДНК анализата се поклопуваат, лабораторискиот компјутер со големи црвени букви ќе покаже дека се поклопуваат за 99% и ќе излезе фотографија на обвинетиот со неговата возачка дозвола.
10. Истражителите вршат ДНК тестирања додека јадат и се шегуваат со колегите.Последните десетина години, телевизиските канали се преплавени со серии кои ги следат истражителите низ разните американски градови, скратено CSI (

Пронајдете не на следниве мрежи: