Кристи Клементс која неодамна доби отказ од местото главна уредничка од австралискиот магазим „Вог“ напиша книга во која открива пикантерии за светот на модната индустрија. Меѓу останатото таа откри дека манекенките јадат за да се чувствуваат сити, со денови се изгладнети, повеќето од времето го поминуваат во болница на инфузии и често се толку измачени и уморни што одвај стојат на нозе и ги држат очите отворени.
Во светот на модата постои израз „Парис тин“ што објаснува за големината на моделите кои се толку изгладнети и имаат намалено два конфекциски броја, за да можат да настапат на големите модни ревии. Таа објаснува како еднаш поминала три дена на снимање со девојка која три дена не изела ни еден единствен оброк, па третиот ден едвај ги држела очите отворени.
Во својата книга открива дека една девојка од Русија и се пофалила дена нејзината цимерка е „фит“ модел, односно дизајнерите ја користат за да ја пробува нивната облека а затоа таа е потребно да не јаде ништо и на некој начин да живее од инфузија.
Имено, Кристи 25 години била уредничка на магазинот за еден ден ненадејно да биде отпуштена од работа.
Кристи Клементс која неодамна доби отказ од местото главна уредничка од австралискиот магазим „Вог“ напиша