Фолк пејачот Амир Нино Решиќ почина пред 9 години во болница во Бјелина од перфорација на панкреасот, а приказната за неговиот живот повторно стана актуелна после откритието на неговиот менаџер Нермин Адемовиќ – тој изјави дека Нино водел дневници кои кријат многу тајни.- Богами, за сешто има пишувано тука, од случувања на естрадата до љубовните афери на Нино и други случувања од животот – изјави Нермин.
Адемовиќ тврди дека голем дел од автобиографијата на Нино е поврзан со врската помеѓу него и Весна Змијанац, во која покојниот пејач бил лудо заљубен.
– Весна и Нино редовно се гледале во хотелот „Парк“. Пејачката никогаш не сакала со него јавно да се појавува и да признае дека се во врска, поради што тој многу страдаше. Нино во неа гледаше како во Бога! Атој својата тогашна девојка ја остави поради Змијанац. Таа девојка слушнала дека се гледаат во „Парк“, па една вечер им упаднала и направила хаос! Ја нападнала и Весна и него, ја растурила цела соба. Нино за оваа случка во дневникот има посветено неколку страници. Сепак повеќе има пишувано за своето страдање по Весна, која во тоа време беше со него и со тогашниот директор на ТВ Белград, Милорад Вучелиќ – вели Нермин.
– Таа врска за малку ќе го чинеше живот! По Белград го бркаа некои мафијаши кои сакаа да му наштетат. Како што напишал во дневникот, се сомневал дека жестоките момци ги ангажирал токму Вучелиќ, кој не можел да го поднесе тоа што Нино се гледа со Весна. После тоа Решиќ се пресели во Сараево за да си ја спаси главата – раскажува менаџерот на Нино.
Ќе завршрш во багажник
Екипата на Курир.рс ги побарале и Весна и Милорад за коментар. Пејачката не се јавила на телефон, додека на Вучелиќ штом му го спомнале името на Весна, само рекол:
– Ма ајде ве молам! – и ја прекинал врската.
На Нино после неколку години во Сараево му се повторила судбината. И таму почнал да добива закани од некои опасни луѓе.
– Наводно, ќе испрати некои луѓе кои ќе ме стават у багажник, и ќе ме одведат пред неговите нозе! Го побарав и го прашав зошто ми се заканува, се негираше, ми рече дека лично ќе се пресметаме, – напишал Нино во дневникот.
Ова е само дел од личните мемори на Нино Решиќ, кои пејачот ги запишувал во дневниците. Менаџерот Нермин Адемовиќ ги пронашол во станот на Нино, после неговата смрт.
Прозборе најдобриот пријател на Нино: Доста ми е од лагите на Сандра! Еве што се случи ноќта кога почина пејачот…Прочитајте ТУКА
– Богами, за сешто има пишувано тука, од случувања на естрадата до љубовните афери на Нино и други случувања од животот – изјави Нермин.