Шокантните смртни случаи на познатите ѕвезди

За многу познати личности, пејачи, актери не можевме да поверуваме дека повеќе не се помеѓу нас. Нивната смрт не изненади сите.1.Британи Марфи
Почина на 32 години од срцев удар, неколку дена пред Божиќ. Нејзиното безживотно тело е пронајдено под туш, а се претпоставува дека срцевиот удар е предизвикан од многуте лекови кои ги испила. Многу медикаменти биле пронајдени во нејзината куќа. Актерката остана запаметена по улогата на нежна и романична хероина на филмското платно.
2.Хит Леџер
Хит, познат по улогата на Џокер во филмот Бетмен-„Мрачниот  витез“, за кој  постхумно е награден со оскар, почина на 22 јануари 2008 година од прекумерна доза на лекови и го остави целиот Холивуд во жалост.
3.Мајкл Џексон
Неговата смрт најмногу ја шокираше јавноста. Кралот на поп музиката умре ненадејно на 25 јуни 2009 година.
Испил неколку вида на лекови и веројатно таа комбинација ја предизвикала неговата смрт. За неговата смрт е обвинет неговиот личен доктор Конрад Мареј. Судењето е сеуште во тек.
4. Наташа Ричардсон
Кога беше објавено дека Наташа се повредила за време на скијање, никој не очекуваше нешто полошо од полесни повреди.
За жал „лесната“ повреда на главата сепак беше посериозна отколку што заклучија докторите и Наташа почина на 45 години.
5. Патрик Свејзи
Патрик почина од рак на панкреас во септември 2009 година, една година откако дознал дека е болен.
6. Фара Фосет
Ангелот на Чарли- Фара Фосет почина во јуни 2009 година поради рак на дебелото црево. Прв пат болеста и била дијагностицирана во 2006 година неколку месеци подоцна и било соопштено дека е излечена. Болеста повторно се вратила во 2007 година.
Таа била на експриментално лекување за што сними и прилог кој беше прикажан на американските телевизии.
7. Дејвид Карадин
Иако глумеше во многу филмови тој е познат по начинот на кој почина. Најден е мртов во јуни 2009 година, а како причина за смртта наведена е еротска асфиксија (еротска асфиксија е име за постапка со чија помош намерно се ограничува дотекот на кислород во мозокот со цел да се постигне, т.е. да се засили сексуалното задоволство). Па, по неговата смрт на 72 години, откриена е неговата мрачна сексуална тајна.
Имено, тој е пронајден во седечка положба во орман, со јаже замотано околу вратот и телото.1.Британи Марфи
Почина на 32 години од срцев удар, неколку дена

Пронајдете не на следниве мрежи: