Шокантно: Девојче роди на 12 години, а таткото има 13

Овие млади родители се запознале на Божик во 2012 година. Велат дека се многу вљубени. Дванаесетгодишната мајка и 13-годишниот татко велат дека ќе останат заедно, ќе влезат во брак и заедно ќе го одгледуваат своето дете. 
 
Девојчето останало бремено на 11 години од момче само една година е постаро од неа! Тие станаа најмладите родители во Британија откако неодамна им се роди ќерка, пренесува Дејли Мејл.
Мајката на 12-годишното девојче има само 27 години и стана најмладата баба!
Таткото на на најмладата мајка изјави: Ние дознавме дека нашата ќерка е бремена само пред еден месец. Тогаш беше во осмиот месец од бременоста. Ова бебе безусловно доаѓаше на свет. Моравме да ѝ дадеме поддршка. Семејствата од двете страни решија да помогнат. Ни го крши срцето, но не можеме да го вратиме времето назад. Не знаеме како се случило да забремени. Не можеме да ја контролираме по 24 часа на ден“
Младата мајка на новороденчето има тригодишна сестра и 9-годишен брат. Нејзините соученици биле шокирани од веста дека таа има бебе – одела на училиште до пред еден месец и не изгледала бремена. Во 2012 година во Британија забремениле 27.834 девојчиња на возраст под 18 години. Од нив 253 биле на возраст под 14 години!
Хилари Панак од хуманитарната организација за тинејџерска бременост изјави: „Девојчињата влегуваат порано во пубертет. Толку раното породување може да доведе до ризици за здравјето. Им го одзема детството. Не е крај на светот, но тие ќе зависат од други, финансиски и емоционално. Секогаш тинејџерските родители ми велат дека многу си ги сакаат децата, но да можеле да избираат, би почекале со нивното раѓање додека не станат финансиски независни.“
 
  
 
Девојчето останало бремено на 11 години од момче само една година е постаро од неа! Тие станаа најмладите родители во

Пронајдете не на следниве мрежи: