Синди Патријархијас (33) и Едмонд Гонзалес (37) обвинети се за негрижа кон сопствената 8 годишна ќерка, бидејќи девојчето, кое има пречки во развојот, пронајдено е во дрвен кафез во нивниот дом во градот Лас Крусес, во американската држава Ново Мексико.
„Двајцата го врзале девојчето во кафез, со цел да можат да отидат во кино. Кафезот бил со големина на детски кревет, со два катанци на вратите, а во него на подот се наоѓал душек“, изјавила агенцијата Франс Прес.
Полицијата влегла во куќата на парот, бидејќи добила повик дека девојчето е оставено само дома, додека парот со останатите три ќерки заминале да гледаат филм во блиското училиште.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Синди Патријархијас (33) и Едмонд Гонзалес (37) обвинети