Шокантно: Младите најмногу ги депримира вечерното излегување

Генерацијата на возраст од 13 до 22 години е на „работ“ на нервен слом, покажало истражување спроведено на примери од 300 млади на оваа возраст. Истражувањето било спроведено по пат на  социјалните мрежи и преку традиционалното анкетирање.Во истражувањето биле поставени следните прашања:
Дали сте среќни, дали знаете што сакате со себе, дали можете да го задоволите поголемиот дел од  желбите во смисла на купување, дали верувате во подобра иднина, како се чувствувате во моментов, дали се плашите од нешто, што ве депримира, дали верувате во образованието, дали родителите можат да ви го пружат  она што ви треба и дали имате  егзистенцијална сигурност од нив.
Скоро 60 проценти од  младите одговориле дека се несреќни, 10 % одговориле дека знаат што сакаат.
Најмногу  ги депримира излегувањето во град бидејќи чуствуваат се поголема депресија и празнина околу себе. Загрижува тоа што повеќето учесници  во истражувањето велат дека не веруваат  во подобра иднина. Интересно е тоа што околу 30 проценти од нив рекле дека не е важно како се чувствуваат во моментот туку како инаку се чувствуваат. Скоро 80 % од нив одговориле дека не можат да го задоволат поголемиот дел од желбите во  смисла на купување.
Се плашат од војна
Посебно загрижува фактот што повеќе од 40% од испитаниците од Босна и Херцеговина  се плашат од војна, но во своите искази  рекле дека тоа не се однесува само на БиХ туку на светска војна. Исто така значаен број од нив истакнале дека се плашат од насилство. Скоро 50% од испитаниците рекле дека родителите можат да им го пружат она што им е потребно.Во истражувањето биле поставени следните прашања:
Дали сте среќни, дали знаете што сакате со себе, дали можете да го задоволите поголемиот

Пронајдете не на следниве мрежи: