Обвинетиот за убиството на Мајкл Џексон, неговиот личен лекар др Конард Мареј, во шокантна изјава рекол дека кралот на попот сакал да се ожени за тогаш 11- годишната Ема Вотсон.За работата да биде уште побизарна, првиот избор за женидба на Џексон била 12-годишната Хариет, ќерка на нејзиниот пријател Марк Лестер.
„Мајкл се вљубил во хариет кога имал од прилика пет години. А кога имала 12 години тој баш се загреал за неа“, рекол Мареј за Мирир и додал дека авторот на бројни хитови од него барал да го посети Лестер и да разговара за бракот со неговата ќерка.
Марк Лестер подоцна отфрлил се што осудениот доктор напишал во својата книга „Тоа е тоа“.
Откриено уште дека Мајкл Џексон имал желба да ја ожени тогаш 11- годишната Ема Вотсон, ѕвездата на серијалот филмови за волшебникот Хари Потер.
Како што напишал Мареј во својата книга, Џексон станал опседнат по сега 25- годишната Вотсон кога ја видел токму во тие филмови.
Конрад Мареј бил личен доктор на славниот музичар пред да биде прогласен за виновен за убиство во 2011 година. Од затвор е пуштен пред две години.За работата да биде уште побизарна, првиот избор за женидба на Џексон била 12-годишната Хариет, ќерка на нејзиниот пријател Марк Лестер.