Огромна жал и тага го снајде ова дете, за момент му се сруши детството, преку ноќ остана без целото семејство11 годишниот Марко Вучиниќ од селото Вуча над Лепосавиќ во еден ден остана без мајката Драгица (37), таткото Ѓоко (46), сестрата Марија (13), братот Андрија (6) и стрината Снежана (47).
Роднините го молат да јаде, барем малку, но тој нема желба за ништо. Не излегува од соба, само ги гледа сликите од своите најмили кои загинаа во петокот, кога нивниот автомобил излета во реката Ибар. Марко тој кобен ден останал во училиште и не тргнал со семејството на патот од кој не се вратиле.
На семејната маса кај Вучиниќ има четири свеќи, а покрај нив урамени слики на погинатите.
Марко цело време плачел и ги повикувал родителите, сестрата и братот. Ја вика сестрата да му помогне да учи, а братот да играат фудбал. Огромна жал и тага го снајде ова дете. За момент му се сруши детството, преку ноќ остана остана без целото семејство.
Само еден ден по најтажниот погреб, селото Вуче и понатаму е немо, пишуват српските медиуми. Роднините на малиот Марко плачат заедно со него.
Ни доаѓаат пријатели да ја поделат тагата со малиот преживеан член од ова семејство. Марко остана без своите најмили, сирото дете. Мора да му помогнеме на овој ангел. Што и да направиме, не можеме да му ја надоместиме загубата, но можеме да му олесниме да ја преживее оваа страшна трагедија, раскажува Вукомир Вучиниќ, роднина на Марко.
Тој вели дека малиот Марко ќе остане со роднини кои ќе се грижат за него. Некое време ќе живее во својата куќа, а подоцна најверојатно ќе живее кај чичковците. Кај кој и да биде, на Марко ќе му недостигаат неговите најблиски, но сум сигурен дека кај секој од нас ќе му биде добро, додава Вукомир.
Другарите на Марко, учениците од ОУ „Вук Караџиќ“ ќе се потрудат да му ја ублажат болката. Веќе од денес официјално ќе биде побарана помош од големи претпријатија во Србија.
Марко не е сиромашен, но добро би било некоја фирма да му обезбеди џепарлак и да му помогне околу школувањето, вели Ана, негова другарка од училиште.11 годишниот Марко Вучиниќ од селото Вуча над Лепосавиќ во еден ден остана без мајката Драгица (37), таткото Ѓоко (46), сестрата Марија (13), брато