Шокантно претскажување: „Вашата ќерка ќе се убие, само јас можам да и помогнам“!

„Вашата ќерка ќе се убие! Таа е под црна магија, ќе влезе во некое нервно растројство и ќе изврши самоубиство! Само јас можам да ви помогнам“. Оваа грозоморна порака од таканаречената Видовита Маријана ја доби докторката Светлана Станојевиќ (58) од Лесковац која недолго потоа, под константен притисок на видовитата, на нејзина сметака уплатила 14.600 динари.
Откако ги добила парите, Видовитата Маријана барала уште 600 евра за спас на докторката и нејзиното дете, по што Светлана Станојевиќ случајот го пријавила во полиција, пишуваат српските медиуми. 
„Пораката од Видовитата Маријана ја добив на 11 ноември. Ми беше чудно што ми испрати приватна порака затоа што не сме пријатели на Фејсбук. Пишуваше дека сака да помогне, но и одговорив дека не ми треба помош и дека не верувам во тие работи, дури и дека ми се одвратни. Меѓутоа, не сакаше да ме остави на мир“, раскажува  др. Светлана Станојевиќ.
Таа рече дека Видовитата Маријана потоа ги искористила нејзините лични податоци за да измисли приказна и да ја измами за пари.

„Ми напиша: „Јавете ми се веднаш, итно“. Ја игнорирав пораката, но потоа напиша дека мораме да се јавиме затоа што се работи за мојата ќерка. Се уплашив и и се јавив“, објасни докторката Станојевиќ.
Маријана тогаш и раскажа дека нејзината ќерка ќе направи самоубиство.
„Ја прашав зошто би се убила кога има 29 години, спортистка е, живее во Белград, цврсто стои на нозете. Меѓутоа, таа продолжи да ја врти својата приказна“.
„Ќе има, ќе има, ќе влезе растројство и ќе се убие, тврдеше. За да ја симне црната магија на мојата ќерка, бараше на нејзина сметка да и се уплатат 14.600 динари“, раскажува Светлана, истакнувајќи дека поради целата нејзина приказна замалку ќе доживела нервен слом.
„Како да сакаше да ми рече, дека ако таа сама не се убие, ќе ја убијам јас затоа што не сакам да и дадам пари. Затоа и уплатив и потоа ја пријавив во полиција“, откри Светлана.
Сепак, Видовитата Маријана не се задоволила со парите кои ги добила, па побарала уште.

„Ако не уплатиш 600 евра, ќе ти умре ќерка ти, како што ти умреа сопругот и свекорот. Мораш да ми испратиш пари. Сфатив дека е обичен измамник и и реков дека нема да и даде повеќе ни денар“, ја раскажа потресната приказна Светлана.
„Сфатив дека има многу луѓе кои би можеле да наседнат на вакви приказни и затоа одлучив јавно да ги предупредам луѓето на неа. Господ знае колку луѓе до сега ги излажала“, рече на крајот Светлана Станојевиќ.Оваа грозоморна порака од таканаречената Видовита Маријана ја доби докторката Светлана Станојевиќ (58) од Лесковац која недолго потоа, под кон

Пронајдете не на следниве мрежи: