Не е се така розово, дури и ако имате розово опавче и розови уши, и секогаш сте намеани; тврдат најпознатите Плејбој зајачици.Тие, освен позирањето за најпознатото машко списание, имале прилика да живеат во вилата на Хју Хефнер. На прв поглед се чини дека немаат ниедна грижа во животот, но тоа воопшто не било така.
-Сите мислат дека намената на металните врати е да ги задржат луѓето надвор од приватниот имот, но со тек на време сфатив дека служат за мене да ме задржат внатре, напиша Холи Медисон во својата книга.
-Кога ќе почне сексот, главната девојка орално го задоволува, а по тоа има секс со него. Таа има право да биде главна бидејќи така е најбезбедно. Нема заштита, нема тестирање. Нему едноставно не му е гајле, напиша Џил Ен Сподлинг.
-Ако живеете овде, морате да бидете дома најдоцна до 9 часот. Не е дозволено да ви дојдат пријателите на гости, изјави Карла Хоуви.
-Секој петок наутро моравме да бидеме во собата на Хефнер, чекавме да го собере изметот од кучето што го остави на тепихот, и дури тогаш да бараме хонорар. Добивавме 1000 долари од паричници од 100 долари пто Хеф ги вадеше од сефот. Ја мразевме оваа практика. Хеф секогаш ја користеше приликата да ни каже од што е незадоволен. Приговорите најчесто се однесуваа на односите меѓу девојките или неучествувањето на секс забавите во неговата соба. Ако заради нешто не сме биле со него во град, не добивавме хонорар; ја отвори душата Изабела Сент Џејмс.
-Немавме друга работа освен јавни појавувања, открива Кендра Вилкинсон.
-Ако погрешите, ќе добиете електронска пошта. Постојат строги правила на однесување. Постојат дури и правила за постирање на Инстаграм и Твитер. Се мора да биде позитивно, а ако излезе некоја „пијана“ слика, во неволја сте, изјавува Мелиса Хоуви.
-Не смеевме да носиме момци во куќата. Тоа е прво и основно правило- без момци. Тоа е и една од главните причини зошто се отселивме, вели Кариса Шенон.
Хеф на зајачиците им давал таблети за да се опуштат за време на сексот.
-Освен ноќе кога излегувавме, Хеф го гледав само еднаш дневно додека одеше кон канцеларијата. Немавме состаноци еден на еден. Сексот траеше една минута, по што си отидов. Тоа е работа. Не уживав додека водев љубов со него, изјавува Кендра Вилкинсон.Тие, освен позирањето за најпознатото машко списание, имале прилика да живеат во вилата на Хју Хефнер. На прв поглед се чини дека немаат ниедна гри