Шокантно:Во поплавените подрачја пронајдена бактеријата „Pseudomonas aeruginosa“!

Во српското село Сивац, во редовната анализа на водата за пиење пронајдена е опасната бактерија „Pseudomonas aeruginosa“ која предизвикува воспаление на белите дробови и мозокот…Покраинската санитарна инспекција, на локалното население строго им забрани да конзумираат вода од чешма, која во моментот не е ни за пиење, ни за готвење, ниту пак за капење.
Редовните анализи на водата во ова село се прават на 15 дена, а резултатите кои пристигнале од последното испитување покажале дека во одделни примероци од водата во Сивац има трипати поголема концентрација на бактеријата „Pseudomonas aeruginosa“.
– „Дозволена концентрација е до 10 милиграма по литар, а во некои примероци преминуваше над 30 милиграма“ – изјавија од кризниот штаб во општина Кула.

 
Тие вчера ги предупредија граѓаните и ги информираа за опасната вода.
Бактеријата „Pseudomonas aeruginosa“ се смета за една од најопасните бактерии која предизвикува инфекции преку пиење вода.
Оваа бактерија може да предизвика гнојна инфекција, воспаление на кожа, очи, средно уво, а со пиење на оваа заразна вода може да дојде до менингитис, воспаление на белите дробови, цревата или уринарниот тракт.Покраинската санитарна инспекција, на локалното население строго им забрани да конзумираат вода од чешма, која во моментот не е ни за пиење, ни за

Пронајдете не на следниве мрежи: