Ви советуваме да подготвите солени мафини, кои многу брзо се прават и се превкусни!Потребно е:
3 јајца 200 мл. јогурт 150 мл. масло 1 прашок за печиво 18 лажици брашно малку сол и мешан сув зеленчук лупен сончоглед сирење по желба и вкус
Состојки:
Јајцата убаво се матат со миксер додека да станат пенести и им се додаваат јогуртот и маслото. Брашното убаво се меша со прашокот за печиво во сад на страна и полека, лажица по лажица се додава во матените јајца, но смесата овој пат се меша со лажица, по можност дрвена. Во смесата се додаваат солта и мешаниот сув зеленчук и на крајот сирењето (ако се става) издробено со виљушка. Смесата уште еднаш убаво се меша и се става во калап за мафини, претходно убаво намачкан со маргарин. Одозгора на мафините се ставаат по неколку семки лупен сончоглед и се печат 30 до 40 минути на 180°Ц. Од предложената доза излегуваат 16 поголеми мафини, ако сакате да добиете повеќе или помалку, зголемете ја или намалете ја дозата соодветно во зависност од калапот.Потребно е:
3 јајца 200 мл. јогурт 150 мл. масло 1 прашок за печиво 18 лажици брашно малку с