Солистички концерт на флејта на Тиана Јовиќ

Во вторник, на 28 јуни во ресторанот „Амор“ во Кочани, солистички концерт на флејта ќе приреди Тиана Јовиќ, ученичка во Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски- Луј“ во Скопје.На програмата се композиции од Штамиц, Моцарт, Доницети, Келер и Милоти, дела со кои Јовиќ оваа учебна година настапи на неколку меѓународни и државни натпревари и освои повеќе награди. Со први награди се врати од меѓународните натпревари „ФЕМУС“ во Суботица и „Полихимнија„ во Скопје; втори награди освои на 14. Меѓународен фестивал „Петар Стојановиќ“ во Уб, Република Србија и на Државниот натпревар на млади музичарти во Скопје и трета награда на Меѓународниот натпревар на дувачи во  Пожаревац, Република Србија.
Јовиќ работи под менторство на нејзината професорка по флејта, Симона Марочковска-Манојловска, а ќе настапи во пијано-придружба на Ивана Јакимовска, студентка на Факулетот за музичка уметност во Скопје.
Концертот започнува во 20 ч.
 На програмата се композиции од Штамиц, Моцарт, Доницети, Келер и Милоти, дела со кои Јовиќ оваа учебна година настапи на неколку меѓунаро

Пронајдете не на следниве мрежи: