Реакциите во Грција, како од пратеници на опозициските партии, така и од медиумите затоа што градоначалникот на Солун во Скопје го употреби уставното име на Македонија, ги коментираше самиот Јанис Бутарис, кој вели дека е комплетно рамнодушен и потенцира дека тоа не им оди во прилог на напорите што се прават за подобрување на односите меѓу двете земји.- Оваа чудна врева што се создаде затоа што реков Македонија, ме остава целосно рамнодушен бидејќи секое заживување на такви случаи само лошо им прави на овие напори за развивање на подобри односи. Пред да заминам разговарав со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас и тој нѐ поттикна да правиме ваков вид на соработки со Скопје, рече Бутарис од Солун кој детално ги информираше грчките новинари за патувањето во Скопје и средбите со македонскиот државен врв.
Солунскиот градоначалник ги спомена темите и областите во кои може да се започне или прошири соработката на релација Скопје – Солун.
Патувањето, рече, беше продолжение на посетата на министерот за надворешни работи Димитров на Солун кога беше дојден за министерскиот состанок.
– Тогаш разговаравме за низа теми и нѐ покани да ги посетиме, по локалните избори. Јас со задоволство прифатив, за да ги заживееме односите со оваа земја, односно Скопје. Над еден милион Скопјани доаѓаат во поширокиот регион на Солун или за одмор или за забава или за било што друго и ова е нешто што е многу важно за Солун. Кога велиме дека сакаме да станеме метропола на Балканот, не може тоа да се постигне со зборови. Треба да развиваш добри односи и да си понапред, објасни солунскиот градоначалник.
Иако во Скопје без проблем го употреби уставното име, во изјавата за грчките медиуми, солунскиот градоначалник ги користеше термините „Скопје“ и „соседната земја“.
Само неколку часа откако заврши со средбите кај нас, грчките медиуми експресно ја пренесоа изјавата на Јанис Бутарис во која нѐ нарекува Македонија. Коментарите беа дека тој повторно ја направил истата „грешка“, па наместо Скопје или пЈРМ рекол Македонија.
Со реакции излегоа и двајца пратеници од опозициската Нова демократија. Костас Јулекас и Ставрос Калафатис во одвоени изјави го обвинуваат Бутарис за „поддржувач на историски неточните позиции на Скопје“ и за давање изјави кои што се „национално опасни“.- Оваа чудна врева што се создаде затоа што реков Македонија, ме остава целосно рамнодушен бидејќи секое заживување на такви случаи само лошо