Џулијана Сноу од САД секој ден сакала да биде принцеза и да организира забави, па родителите и ја исполниле последната желба.Тешко болното девојче ја чекало смртта дома, бидејќи лек за нејзината болест не постоел. Боледувала од неизлечиво мускулно пореметување, а родителите не сакале последните денови таа да ги помине во болница.
Иако на крајот веќе не можела да ги помести рацете и нозете, 5-годишната Џулијана не губела енергија. Секој ден сакала да биде облечена како принцеза, ноктите да и бидат налакирани, да има круна на главата и си играла дека организира чајанка за пријателите. Се околу неа морало да биде шарено и светкаво.
Пред неколку дена девојчето починало, а родителите ја испратиле на небото онака како што таа сакала: организирајќи чајанка во локалната црква, со многу балони, цветчиња и нејзините најмили играчки.
Тешко болното девојче ја чекало смртта дома, бидејќи лек за нејзината болест не постоел. Боледувала од неизлечиво мускулно пореметување, а родители