СОЛЗИ ОД СМЕЕЊЕ, ЕЖЕЊЕ, ПЛАЧЕЊЕ ОД КРОМИДОТ- Еве зошто ни се случуваат овие работи!- Прв дел

Човечкото тело е вистинско чудо и често прави некои работи за кои и ние самите незнаеме зошто ниту како… Иако прозевањето и понатаму останува мистерија, многу други работи кои секојдневно ни се случуваат имаат логично и потврдено објаснување. Погледнете зошто се плачете од смеење, зошто ви солзат очите од кромидот и уште многу други работи…
Зошто плачеме од смеа?
Експертите кажуваат дека тоа е така бидејќи плачењето и смеењето всушност се слични психолошки процеси. И двете појави се случуваат кога сме емотивно возбудени, оставаат ефект кој останува и по престанувањето на работтата и немаат точно одреден почеток ниту крај.
Иако плачењето често го поврзуваме со тагата тоа е сосема погрешно, солзите во очите ни се јавуваат како одговор на многуемоционалните дразби.
И плачењето и смеењето имаа можност да избришат некои стресни искуства што се соочуваат со хормоните на кортизол и адреналин. Такада, ако некогаш се смеете до солзи знајте дека тоа е одлично!

Зошто ни солзат очите од кромид?
Ова сигурно ви се случува кога сечете кромид. Објаснувањето е доста едноставно но најдобро од се што можете е да се послужите со некои трикови кои ќе ви помогнат сечењето на кромидот да ви стане пријатно искуство.
Кога ќе го сечете кромидот вие ги сечете ќелиите кои се наоѓаат во него а тие испуштаат ензими. Тие ензими произведуваат гас кој се нарекува пропанетил солфоксид. Кога тој гас ќе дојде до контакт со очите тој реагира со водата која се наоѓа во очите и создава блага сумпорна киселина Секако таа киселина го создава она непријатно чувство на пецкање па понекогаш и болка во очите од кои почнуваат да течат солзи. Оваа карактеристика на кромидот е неговиот дефанзивен механизам.
Постојат повеќе начини за спречување на ова непријатно чувство а еден од нив е-
Ставете го кромидот во замрзнувач пред сечењето, ниските температури го успоруваат ослободувањето на ензим. Исто така пред да сечете ножот покиснете го во вода бидејќи тогаш овој гас ќе реагира со водата на ножот и нема да стигне до вашите очи.
Зошто се ежиме?
До  наежената кожа доаѓа кога ни е ладно или кога од нешто се плашиме, Оваа појава која наулно се нарекува пилорекција, настанува сред контактирањето на минијатурните мускули кои се наоѓаат во коренот на секое влакно на телото, Така влакненцата се подигнуваат и веднаш се гледа на кожата. Научниците кажуваат дека ова е нешто кое ни е останато од нашите предци.
 
 Иако прозевањето и понатаму останува мистерија, многу други работи кои секојдневно ни се случуваат имаат логично и потврдено објаснување. Погледнет

Пронајдете не на следниве мрежи: