Солзите на лицето на овој татко Сириец трогнаа милиони луѓе

Само оваа година во Европа влегле стотици илјади бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан, а многумина од нив не се сметаат за добредојдени. Но оваа фотографија полека го менува тоа.Многу земји во Европа гледаат како на проблем за случајот со масовниот егзодус од Ирак, Сирија и Авганистан. Унгарија одлучила да изгради ѕид за да го спречи доаѓањето на илегалните мигранти, Словачка ќе ги прима само христијаните, а ниту Грците и Италијанците не се пресреќни – во нивните земји доаѓаат најмногу мигранти од земјите уништени од војните. Миграцијата е моментално голема до степен што на тие луѓе се гледа како на бројки и статистика. Но, една фотографија на фотографот Даниел Етера тоа почнала да го менува.

Фотографијата прикажува татко од Сирија, кој на брегот на Грција плаче, прегрнувајќи ги своите син и ќерка. Нивниот брод во последните неколку часа пропуштал вода и постоела можност дека ќе потоне пред да дојде до грчкиот брег.
Ни Етер не се надевал на толкава популарност на своите фотографии. На својот профил на Твитер неколку пати им се заблагодарил на сите кои ги споделиле неговите фотографии на социјалните мрежи и заклучил – “поради ова го работам тоа што го работам”.

 
Фотографиите на социјалните мрежи биле споделени неколку илјади пати, а допреле до милиони луѓе.. Само од профилот на Џо Бренан, една од фотографиите била споделена повеќе од 190.000 пати.

“Следниот пат кога ќе кажете дека мигрантите се ѓубре, паразити и банда од крадци, погледнете ја оваа фотографија од таткото кој со своите деца побегнал од Сирија, и замислете како му гледате во очи и го враќате неговиот брод назад во морето”, напишал Бренан под фотографијата.
За жал, ваквите глетки станаа секојдневие.Многу земји во Европа гледаат како на проблем за случајот со масовниот егзодус од Ирак, Сирија и Авганистан. Унгарија одлучила да изгради ѕид за да

Пронајдете не на следниве мрежи: