Теоријата дека плачењето може да делува позитивно на човечкото тело е општоприфатена во многу земји.Советот: „Исплачи се, ќе ти биде подобро“ сме го слушнале многу пати, но малку од нас се запрашале дали постои медицинско објаснување што би ја поткрепило теоријата.
Откако мозокот ја регистрира тагата, реагира ендокриниот систем, кој во окуларниот дел на главата испушта одредени хормони кои доведуваат до формирање на солзите. Како што одредени експерти веруваат, во времето додека луѓето се под стрес овие супстанци се наталожуваат, а со плачењето телото се ослободува од токсините, што наведува на заклучокот дека леењето солзи навистина е здраво. Но, има ли во нив и материи што ја ублажуваат болката?
Интересно, неколку истражувања во чија рамка е анализиран составот на базалните, рефлексните и емоционалните солзи докажале дека тие се разликуваат.
Рефлексните солзи се состојат од 98% вода, а во емоционалните солзи се наоѓаат многу други материи, во различни концентрати. Една од нив е пролактинот, најпознат по тоа што има важна улога во создавањето на млекото кај доилките. Тука се и адренокортикорпните хормони, кои укажуваат на високо ниво на стрес. Уште една хемикалија што може да се најде во ваквите солзи е леуцин-енкефалин, невротрансмитер кој ја смалува болката и го подобрува расположението.
Меѓутоа, многу научници истакнуваат дека истражувањата во оваа област се извршени врз мали примероци, и дека треба да се спроведат уште истражувања пред да се донесе конечен заклучок за тоа дали солзите што течат со силните емоции се „лековити“.
Емоционалното плачење се разликува од рефлексните солзи, кои се појавуваат кога окото е иритирано од надворешен фактор, како чад, кромид или силен ветер.
Сепак, теоријата дека плачењето делува позитивно на човечкото тело во многу земји е прифатено, па така, во Јапонија организираат „клубови за плачење“ во кои има и многу тажни филмови, телевизиски емисии и книги што му помагаат на муштеријата да се исплаче.Советот: „Исплачи се, ќе ти биде подобро“ сме го слушнале многу пати, но малку од нас се запрашале дали постои медицинско објаснување ш