Сом Пангасиус: Кога би знаеле се за оваа риба дали повторно би јаделе?

Оваа риба се одгледува во една од најзагадените реки на планетата *Не постои ништо природно во неа *Несреќните животни се хранат со остатоците од другите риби, односно со сушени, па мелени коски, глави и опашки. Во неколку од претходните месеци во нашите маркети и рибарници преовладува рибата пангасиус, која постана вистински хит меѓу потрошувачите поради пристапната цена. Овој вид сом е убедливо најевтина на пазарот, цените му се помали од ослиџот, а за кратко време стана мошне баран производ за слави и празници.
Меѓутоа, кога би знаеле нешто повеќе за оваа риба, сигурно нема да ви падне на памет да ја купите и да јадете, бидејќи се работи за риба со исклучително лош квалитет, која се произведува во Виетнам во екстремно нехигиенски услови. Нејзината природна околина е преполна со бактерии кои многу лесно можат да влијаат на развојот на болести кај луѓето.

Според сајтот “dietmindspirit.org”, кои измеѓу останатото се занимаваат со квалитетот на намирниците кои ги внесуваме во организмот, оваа риба не треба никако да ја користиме во човечката исхрана, затоа што е со многу лош квалитет.
Оваа риба се одгледува на фармите во реката Меконг, една од најзагадените реки на планетата. Преполна е со хемиски отрови и бактерии, бидејќи во неа се влеваат индустриски отпадни води кои имаат голем удел во загаденоста на споменатата река. Не постои ништо природно во неа. Несреќните животни се хранат со остатоците од другите риби, сушени па мелени коски, глави и опашки. На ваков начин е настаната и болеста “луди крави” во Британија, кога говедата се хранеле со остатоците од другите крави – пишува на сајтот.
Уште се додава, со оглед на тоа дека пангасиусите растат 4 пати побргу од обичните сомови, не  е исклучено дека нивната храна е “филована” со секакви сомнителни хормонски зголемувачи, посебно кога се зема в предвид тоа дека немаат никакви регулативи во врска со нивното производство.
Она од што дополнително ќе ви се згади помислата во продавница да посегнете по месото од пангасиус е фактот дека во женката се вбризгуваат полни хормони од мокрачата на човечка трудница, за во што пократок рок произведат што повеќе икри, односно од јајцата да излезат што повеќе риби.
Истражувањата покажуваат дека многу од луѓето кои јаделе од оваа риба, многу бргу после оброкот почувствувале знаци на руење. Најчести симптоми семачнина, покачена телесна температура и повраќање. Затоа размислете добро дали ниската цена која ја плаќате за една филета пангасиус е и цената која сте спремни да ја платите за здравјето на вашето семејство – пишува на сајтот.

Околу употребата на оваа риба во исхраната, пред неколку години избувна скандал во две земји од Европската унија – Италија и Франција. Тамошните медиуми оваа риба ја нарекоа “риба – измама”, па целата афера околу неа доби идентично име. За неа пишуваа сите дневни весници во споменатите држави, а телевизиите емитуваа прилози за неа во ударните термини.
Главната улога во избувнувањето на медиумите во ЕУ го имаше друштвото на потрошувачите кои поради контроверзните и недоволни информации за квалитетот на рибата која се увезува од Виетнам, го подигна својот глас.
Основната причина за почеток на побунувањето на потрошувачите беше тоа што на пазарите оваа евтина риба се продавала како скапиот вид – лист, на кој неодоливо потсетува. Разликата е во тоа што “панга” чини околу шест евра, а лист дури седум пати повеќе. Во неколку од претходните месеци во нашите маркети и рибарници преовладува рибата пангасиус, која постана вистински

Пронајдете не на следниве мрежи: