Сомалиските пирати ослободија седум индиски морнари

Сомалиските пирати за засега непозната сума, завчера ослободија седуммина индиски морнари, кои околу четири години беа држени како заложници, соопштија сомалиските власти.Морнарите беа заробени, откако пиратите го киднапираа бродот „Асфалт венчр“, кој пловеше под панамско знаме во септември 2010 година.
Пиратите во април 2011 година ослободија осуммина нивни колеги, како и бродот, откако им беше исплатен откуп. Тие тогаш најавија дека седуммината морнари ќе ги ослободат, кога индиските власти ќе ослободат уапсени сомалиски пирати.
Засега не е познати дали ова нивно барање било исполнето.Морнарите беа заробени, откако пиратите го киднапираа бродот „Асфалт венчр“, кој пловеше под панамско знаме во септември 2010 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: